Детали за производот

 

Бидете доволно хидрирани на вашето работно место со Ладна 19л.

 

НАРАЧАЈ ГАЛОНИ

 

Нашата компанија врши дистрибуција на ПЦ галони Ладна од 19л во повратна амбалажа. Целта е да доставиме здрава, чиста, безбедна и квалитетна вода за пиење на вашето работно место. 

Вршиме достава на апарати за вода кои ги даваме на користење со претходно потпишан Договор за користење.

Нарачка може да креираат единствено деловни субјекти.

 

 

КВАЛИТЕТНА И БРЗА УСЛУГА

 

На територија на град Скопје, испорака на вода се врши до адресата којашто претходно ќе ја наведете. Производот ќе биде испорачан најдоцна 24 часа по направената нарачка во работен ден (од понеделник до петок).

 

Ладна се издвојува од останатите води со нејзиниот совршено избалансиран хемиски состав.

1L Ladna содржи (mg)

 
Натриум (Na+) 2,18
Калиум (K+) 0,932
Калциум (Ca2+) 11,60
Магнезиум (Mg2+) 2,99
Хлориди (Cl-) 1,60
Сулфати (SO42-) 7,30
Бикарбонати (HCO3-) 39,00
Сув остаток на 180°C 63,00
pH Вредност    7,9

 

Квалитетот и безбедноста на Ladna сe под постојан стручен надзор од страна на погонската лабораторија, а редовно се контролираат и од страна на Институтот за јавно здравје на Република Северна Македонија.

 

 

Производството на Ladna е HACCP сертифицирано од страна на реномиранoто сертификационо тело SGS и работи во согласност со системот за управување на квалитет – ISO 22000:2018.

 

 

Ladna е одобрена од Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Северина Македонија и е заведена во регистарот на производители под број 13-69.

 

 

КОРИСНИ СОВЕТИ

 

1. При промена на галон ЗАДОЛЖИТЕЛНО:

Исчистете ги со 70% етил алкохол користејќи мека крпа за еднократна употреба:

- Грлото на галонот

- Инката на апаратот за вода

- Надворешните делови

- Не употребувајте технички алкохол

- Не исклучувајте го апаратот за вода од електрична мрежа.

2. Вршете редовна санатизација на апаратите за вода што подразбира бактериолошко и механичко прочистување. Санатизација е неопходно да се врши на секои 4-6 месеци.

3. Чувајте ги галоните на суво место, надвор од допир на сончева светлина и било какви испарливи супстанци.

 

препорачано здружение на педијатри на македонија