Terms of service

 Правила и услови за користење

  1. Општи одредби

Друштвото за трговија и услуги МАГРОНИ ДОО Скопје, ул. 1732 бр. 2, (во понатамошниот текст: Магрони) обезбедува интерактивна онлајн услуга преку својата веб страна во рамките на доменот www.ladna.com.mk. Услугата вклучува обезбедување информации и управување со содржини. Со овие Правила и услови за користење се дефинираат начинот на користење и условите за користење на веб страната од крајните корисници. Ве молиме внимателно разгледајте ги општите услови за користење на веб страната пред  да  започнете  со  користење  на  нашите  производи и услуги или да доставите податоци.

Со пристапувањето и користењето на веб страната, крајните корисници потврдуваат дека ги прочитале и ги разбрале Правилата и условите за користење, дека се запознаени со истите, целосно се согласуваат со нивната содржина, и ќе ја користат веб страната согласно истите.

Правото на користење на веб страната не може да се пренесува на други физички или правни лица. Крајниот корисник е лично одговорен за заштита на доверливоста на лозинките во областите каде што постојат лозинки.

Крајниот корисник е запознаен со фактот дека иако интернетот е општо сигурна околина, понекогаш доаѓа до прекин на услугите или до настани кои се надвор од контролата на друштвото Магрони. Според тоа, Магрони не може да биде одговорен за какво било губење на податоци до кои може да дојде за време на преносот на информациите на интернет. Иако целта на друштвото Магрони е интернет страницата и да ја направи достапна 24 часа дневно и тоа 7 дена во неделата, интернет страницата понекогаш можеби нема да биде достапна од која било причина, вклучувајќи и нејзино рутинско одржување. Пристапот на интернет страницата понекогаш може да биде во прекин, привремено недостапен или исклучен.

Секој корисник и регистриран корисник експлицитно (изрично) се согласува да ја користи оваа веб страна на своја одговорност и одговара само за можните трошоци поврзани за одржување или поправка на компјутерска опрема. Секоја гаранција дадена на оваа веб страна се однесува исклучиво на производите и услугите што ги нуди Магрони.

Магрони го задржува правото да ја менува или оневозможува веб страната во секој момент, без ограничување на содржината, периодот на достапност, како и опремата потребна за пристап или користење на веб страната. Магрони е овластен да престане со објавување на кој било дел/тип на информации, да ги менува или оневозможи методите на пренесување на податоци, како и да ја промени брзината на пренесување на податоци или било какви други карактеристики на истите. Информациите можат да бидат изменети без претходно предупредување. Магрони може во секое време да воведе подобрувања и/или измени во своите производи и/или програми опишани во дадените информации без претходно известување. Доколку крајниот корисник не ги прифати Правилата и условите на користење, треба да се воздржи од натамошно користење на веб страната.

Магрони го задржува правото да ги ревидира Правилата и условите за користење во секој момент, како и да го оневозможи пристапот до веб страната без претходно предупредување.

  1. Промена на Правилата и условите за употреба

Магрони го задржува правото да врши измена или дополнување во Правилата и условите за користење или во Политиката за приватност во секој момент, доколку смета дека е потребно. Секоја промена или дополнување на условите ќе стапи на сила веднаш по објавување на веб страната. Ако крајниот корисник продолжи да ја користи веб страната по известувањето за промена или дополнување, се смета дека ги прифатил ново-воведените измени.

Крајниот корисник превзема обврска да ги чита повремено Правилата и условите за користење, со цел да се запознае со евентуалните измени на истите. Ако корисникот ја користи веб страната откако Правилата и условите се променети, ќе се претпостави дека е запознаен со измените, целосно ги прочитал, ја разбрал нивната содржина и се согласува со истите. Магрони не презема одговорност за било каква штета нанесена на корисниците, регистрираните корисници или на трети страни кои произлегуваат од направените измени.

  1. Компјутерска опрема

Крајниот корисник е единствено и исклучиво одговорен за набавка, употреба и одржување на сопствената компјутерска опрема, вклучувајќи го целокупниот софтвер и хардвер кој го поседува и кој го користи, како и на друга опрема потребна за пристап и користење на веб страна на Магрони, заедно со сите поврзани трошоци. Магрони не одговара за било каква штета на опремата на крајниот корисник која може да настане од користењето на веб страната.

  1. Однесување на крајниот корисник

Веб страната што моментално е содржана во рамките на овој домен и сите други веб страни што може во иднина да се додадат или да бидат достапни на некој друг начин, на пример преку надворешни линкови, се приватна сопственост на Магрони.

Целокупната меѓусебна интеракција што се спроведува преку оваа веб страна, мора да биде во согласност со Правилата и условите на употреба и корисникот е должен да ги изврши сите активности поврзани со користењето на оваа веб страна во согласност со важечките регулативи на Република Северна Македонија.

Крајните корисници не смеат преку овие интернет страници да објавуваат или пренесуваат какви било материјали кои ги загрозуваат или на кој било начин ги кршат правата на другите, каков било материјал кој по својата природа е незаконски, загрозувачки, навредлив, клеветнички, кој ја нарушува или загрозува приватноста, кој е вулгарен, расипан или на друг начин непожелен во одмерената комуникација, кој поттикнува на противправни активности или на друг начин крши каков било пропис и кој без изречно, претходно и писмено одобрение на друштвото Магрони.  Какво било однесување на крајните корисници, кое по дискрециона оцена на друштвото Магрони го ограничува или оневозможува кој било друг краен корисник во користењето или уживањето во овие интернет страници строго е забрането. Крајниот корисник не смее да ги користи овие интернет страници за огласување или изведување на каква било комерцијална, верска, политичка или некомерцијална пропаганда, вклучувајќи повикување на корисниците на овие интернет страници на тоа да станат членови на друга online или offline услуга, која претставува директна или индиректна конкуренција или потенцијална конкуренција на друштвото Магрони.

  1. Интелектуална сопственост

Оваа веб страна содржи материјал заштитен со авторско право, трговска марка и право на дизајн, вклучително и без ограничување на: текстови, софтвер, фотографии, видео материјали, графика, музика, звук, како и целата содржина на веб страната, во согласност со прописите на Република Северна Македонија. Магрони има ексклузивно право да ги користи сите материјали (текстови, фотографии, слики, цртежи, аудио и видео материјали и друго), заштитени производи и симболи за услуги (трговски марки), логоа и други содржини кои се содржани во веб страната или истите ги користи врз основа на ескплицитна претходна согласност од сопствениците на релевантно право на авторско прави, трговска марка и/или дизајн. Магрони (Ладна) е регистрираниот заштитен знак на Магрони ДОО Скопје и затоа сите права што се однесуваат на оваа трговска марка се ексклузивно резервирани. Магрони е овластен носител на авторски права во врска со избор, координација, објавување и подобрување на содржина, како и правата поврзани со оригиналната содржина.

Копирање, дистрибуција, пренесување, објавување, репродукција, промена, ревизија, трансфер, поврзување или промена на оваа веб страна на некој друг начин што не е експлицитно дозволено според овие општи услови и без изрична писмена согласност од Магрони се строго забранети! Секое прекршување на овие правила и услови што може да резултира со повреда на авторско право, трговска марка или кој било друг вид право на интелектуална сопственост, може да доведе до поведување на граѓански и/или кривични и/или, прекршочни постапки против страната на прекршување.

Крајниот корисник се согласува да не објавува, публикува материјал што е предмет на авторско право, трговска марка или кое било друго право на интелектуална сопственост достапно на оваа веб страна без експлицитна согласност од сопственикот на соодветното право. Крајниот корисник е единствено и исклучиво одговорен за штетата што може да настане заради повреда на авторските права, неовластено користење трговски марки или повреда на други права од интелектуална сопственост, како и други проблеми што можат да се појават во врска со објавувањето на таков материјал.

Преземањето на информации, податоци и слики од www.ladna.com.mk и нивна дистрибуција/ пренос е забрането.

Магрони не презема обврска да го извести крајниот корисник или да му помогне да утврди дали одреден материјал подлежи на авторско право или не.

  1. Лиценци и трговски марки

Користејќи ја или пристапувајќи и на оваа веб страна, корисникот нема да стекне никакви лиценци или права што му овозможуваат да ги користи трговските марки, патенти, дизајни, авторски права или какви било други права што му припаѓаат на Магрони и/или на трета страна. Корисниците и регистрираните корисници се одговорни за почитување на авторските права и другите права на интелектуална сопственост во однос на таквата содржина.

  1. Изјава за гаранција и одрекување од одговорност

Крајниот корисник експлицитно се согласува да ја користи оваа веб страна на своја одговорност. Магрони, не гарантира дека употребата на оваа веб страна нема да биде прекината или дека ќе биде без грешки и нема да преземе одговорност за: а) какви било последици што произлегуваат од користењето на оваа веб страна или б) точноста, веродостојноста или содржината на какви било информации, услуги или добра обезбедени преку оваа веб страна.

Ова одрекување ќе се однесува на сите директни или индиректни оштетувања или евентуални повреди предизвикани од лоша карактерна особина, грешка, пропуст, прекинување, бришење, дефект или одложување на работењето или преносот, компјутерски вирус, нарушување на комуникацијата, кражба, уништување или неовластен пристап, промена или неовластено користење на записи, несоодветно однесување, занемарување или кое било друго дело. Крајниот корисник експлицитно потврдува дека Магрони нема да одговара за навредливо, несоодветно или нелегално однесување на други корисници или трети страни и дека крајниот корисник е целосно одговорен за ризикот од евентуална штета.

Магрони има намера да ги користи имињата, логоата, симболите, трговските марки и други заштитени содржини што се појавуваат на оваа веб страна исклучиво за области за кои е овластена врз основа на регистрација на трговска марка, лиценца или на некој друг начин. За да се избегне сомнеж, Магрони со ова застапува и гарантира дека компанијата не смее да ги користи имињата, логоата, симболите, тргоските марки или која било друга заштитена содржина во области за кои не е овластен, како и дека компанијата нема да поставува или понуди други производи и/или услуги што содржат таква заштитена содржина во такви области. Употребата на заштитените содржини на оваа веб страна е во спротивност со одредбите на овие правила и услови и строго е забрането неовластено користење на истите.

8. Надзор

Магрони има право, но не и обврска, да ја следи содржината на веб-страната во секое време, да обезбеди усогласеност и почитување на овие Правила и услови за користење, како и почитување на релевантната законска регулатива од оваа област. Без ограничување на горенаведеното, Магрони го задржува правото да отстрани материјал што според својата содржина е во спротивност правилата и условите користење или ако утврди дека конкретниот материјал е од сомнителна природа или поради некоја друга причина. Магрони не е должен да одговори на интерактивна содржина.

Магрони не гарантира дека сите пријавени проблеми ќе бидат решени со употреба на информации што ги дава Магрони. Со доставување на информацијата, Магрони не дава никакви лиценци за какви било авторски права, патенти или други права на интелектуална сопственост.

9. Приватност

Крајниот корисник потврдува дека сите дискусии, оцени, коментари, приватни пораки кои содржат негови лични ставови на јавни форуми, chat соби и/или други начини на праќање на пораки или меѓусебно комуницирање се од јавна, а не од приватна природа и Магрони може истите да ги следи без дозвола или конкретно одобрение од корисникот.

Магрони се оградува од контролирање и авторизирање на пораки, информации или други содржини што може да се најдат на било која од јавните платформи за разговори и се одградува од било каква одговорност во врска со содржините на истите.

10. Доверливост на податоци

Магрони не се согласува да прима доверливи или информации поврзани со сопственоста од Корисниците преку веб-страницата. Секоја информација или материјал испратени до Магрони ќе бидат третирани како недоверливи. Сепак, Магрони нема да го објави името на Корисникот или на друг начин ќе го објави фактот дека Корисникот испратил материјали или други информации, освен ако: (а) ја добие дозволата на Корисникот да го користи неговото име; или (б) со претходно известување до Корисникот дека материјалите или другите информации испратени до одреден дел од веб-страниците ќе бидат објавени или на друг начин ќе се користат на нив заедно со името на Корисникот; или (в) се бара да го стори тоа со закон.

Материјалите доставени или достапни на веб страната не се и нема да се сметаат за деловни тајни, или доверливи информации.

11. Надомест на штета

Крајниот корисник се согласува дека ќе ја обештети и нема да ја смета за одговорна компанијата Магрони, нејзините одговорни лица, вработените и агентите одговорни за побарување на штета и трошоци, вкучително и трошоците за правно застапување, кои може да произлезат од употребата на веб страната од Корисникот.

12. Содржина на трети страни

Магрони е дистрибутер (а не издавач) на содржини обезбедени од трети страни и корисници. Сите мислења, совети, изјави, услуги, понуди или други информации или содржини објавени од трети страни, вклучително и даватели на информации од јавен карактер или кои било корисници, доаѓаат од соодветните автори или дистрибутери, а не од Магрони. Ниту Магрони ниту давателите на информации од трети страни не гарантираат точност, комплетност или корисност на која било содржина, ниту пак можност за продажба или соодветност за која било одредена цел.

Информациите достапни на веб страницата, а кои ги претставуваат мислењата и проценките на релевантниот давател на информации, Корисникот или друг корисник кој не е во договорна врска со Магрони, Магрони не може да биде одговорен за точноста или веродостојноста на какво било мислење, совети или изјава објавена на веб-страницата од сите кои не се вработени во Магрони или кои не постапуваат по службена должност. Во никој случај Магрони нема да биде одговорна за каква било загуба или штета направена од корисникот, потпирајќи се на информации добиени преку веб страницата. Корисникот е единствено одговорен за проценка на точноста, комплетноста или корисноста на која било информација, мислење, став, совети или друга содржина достапна преку веб страницата.

Веб страницата содржи линкови до веб страници на трети страни што ги одржуваат други даватели на содржини. Овие врски се дадени само за погодност, а не како потврда за содржината на веб страниците на трети страни од страна на Магрони. Магрони експлицитно отфрла било каква поврзаност со содржината или точноста на материјалот на веб страниците на трети лица.

13. Ништовни одредби

Во случај на ништовност на одредени одредби од правилата и условите за користење, таквата ништвоност нема да влијае на важноста на било која друга одредба од овие правила и услови за употреба, така што останатите делови од правилата и условите за употреба ќе останат непроменети.

14. Откажување од права

Доколку било која страна не ги искористи своите права од овие правила у услови за употреба, тоа нема да се смета за одрекување или губење на истите права во иднина, како ни кои било други права од овие општи услови за користење.

15. Решавање на спорови

За се што не е регулирано со овие правила и услови за употреба, ќе се применува Законот за облигационите односи и позитивното национално законодавство.

Сите спорови кои ќе настанат во врска со правилата и условите за употреба, страните ќе се обидат да ги решат спогодбено. Сите спорови или барања кои може да настанат како последица на користење на веб страната во врска со овие правила и услови за употреба или во врска со нивното непочитување, надлежен е Основниот суд во Скопје.

16. Стапување на сила

Овие правила и услови за употреба, стапуваат на сила од 20.06.2020 и важат се до нивно отповикување.